Наместо класичната промоција на штандови, четвртиот Меѓународен саем за туризам, кој ќе се одржува од 17-ти до 19-ти јануари во Охрид, ќе има нов и современ концепт за презентација на македонските туристички потенцијали пред странските туроператори. Интересот за учество на саемот бил голем и дека веќе имало најави за учество на повеќе балкански и европски туроператори, а интерес пројавиле и туристички работници од Дубаи. На Саемот покрај туристичките можности на Македонија, странските туроператори ќе имаат можност да ја проследат најголемата туристичко-верска манифестација Богојавление - Водици, која во истиот период се одржува во Охрид.
Наместо класичната промоција на штандови, четвртиот Меѓународен саем за туризам, кој ќе се одржува од 17-ти до 19-ти јануари во Охрид, ќе има нов и современ концепт за презентација на македонските туристички потенцијали пред странските туроператори.
Зоран Стрезоски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот нагласува дека интересот за учество на саемот бил голем и дека веќе имало најави за учество на повеќе балкански и европски туроператори, а интерес пројавиле и туристички работници од Дубаи.
На Саемот покрај туристичките можности на Македонија, странските туроператори ќе имаат можност да ја проследат најголемата туристичко-верска манифестација Богојавление - Водици, која во истиот период се одржува во Охрид.